Skip to main content

Затајува уплатата на туристичката такса во земјава

Македонија бележи зголемена посетеност и ноќевања од туристи но нема соодветна уплата на туристичката такса. Тоа повлекува затајување на други давачки, а  локалните инспектори  се без ингеренции. Со законските измани во законот за туристичка дејност зрел е  момент е да се направат и во тој дел промени најавува директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.   

 |  Валентина Неловска  | 

Станоиздавачите од мал обем и хотелиерите во одредени реони не ја уплаќаат реално туристичката такса, посочува Љупчо Јаневски директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во Македонија минатата година имало 1 милион туристи кои реализирале 2,7 милиони ноќевања. Истражувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот покажале дека плаќањето на туристичката такса затајува.


„Со последните двомесечни истражувања дојдовме до податоци дека е слаб одзивот на плаќање на туристичка такса во некои региони. Најголемите два туристички центри Охрид и Скопје да обрнат внимание на уплатата на туристичката такса.Таа повлекува и други елементи. Со непријавување на таксата се прикриваат други даноци , има непрецизна статистика на полето на туримот. Сето тоа доведува до несоодвена стратегија во македонскиот туризам“, укажува Јанески.


Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски нема податок каква е состојбата со уплата на такстат од туризмот во општина Охрид. Побарале да им се достават статистички податоци за тоа колку општината инкасирала од наплатата на туристичката такса за последните 3 години. Јанески признава дека локалните туристички инспектори се со врзани раце.

„ Во таа сфера имаме сите вина. Има одредени елементи во законот за туристичка дејнсот не се добро прецизирании инспекторите не може да санкционираат. Луѓето кои работат во туристичкиот сектор да ја подигнат дисциплината кога се работи за туристичката такса и законската легислатива“, додава Јанески.

Со законските измани кои ќе се прават во законот за туристичка дејност зрел е моментот да се направат во тој дел промени најавува Љупчо Јанески директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.