Затворен за сообраќај патот Охрид – Ресен преку Галичица
Затворен за сообраќај патниот правец ќе биде во периодот од 15 ноември до 31 март, поради што возачите во наредниот период ќе треба да ги користат алтернативните патни правци меѓу Охрид и Ресен.

Патниот правец Охрид – Ресен, кој минува низ Националниот парк Галичица, од денеска, 17 ноември, е затворен за сообраќај за сите видови возила, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Станува збор за редовна сезонска мерка која се спроведува во зимскиот период, поради специфичните временски услови на овој планински превој, кој се наоѓа на голема надморска височина.
Ниските температури, снежните врнежи, мразот и непредвидливите ветрови го отежнуваат одржувањето и чистењето на патот во зимските месеци.
Затворен за сообраќај патниот правец ќе биде во периодот од 15 ноември до 31 март, поради што возачите во наредниот период ќе треба да ги користат алтернативните патни правци меѓу Охрид и Ресен.







