Времен режим на сообраќај
Затворена за сообраќај улица „Коста Абраш“
Сообраќајот на оваа улица ќе биде затворен во целост до завршување на предвидените градежни зафати.
Од денеска, 24.04.2023 година (понеделник) ќе започне изведба на градежни активности за преуредување на камени коцки на улица „Коста Абраш“. Поради неперечно одвивање на активностите, сообраќајот на оваа улица ќе биде затворен во целост.
Овој режим на сообраќај ќе трае до целосно завршување на предвидените градежни активности.


