Skip to main content

Затворени за сообраќај сите споредни влезови и излези на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на Требеништа и Мешеишта

Возачите на моторни возила , за непречено вклучување на автопатот, исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле” .
 |  инфодеск  | 

СВР Охрид ја информира јавноста дека од денеска (29.04.2026), за сообраќај се затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на селата Требеништа и Мешеишта, општина Дебрца.

-Со цел безбедно вклучување на автопатската делница во близина на овие населени места, возачите на моторни возила , за непречено вклучување на автопатот, исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле” до кој водат споредните изградени патишта надвор од автопатот, информираат од СВР Охрид.

Апелираат до возачите на моторни возила, строго да се придржуваат до овие насоки, да ја почитуваат поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација како и насоките на полициските службеници кои, од денеска вршат интензивни сообраќајни контроли на овој патен потег со цел, контрола и мерки кон возачи кои ќе се обидат непрописно да се вклучат и ќе го загрозат автопатскиот сообраќај.