Skip to main content

Затвореник преку Фејсбук измамил охриѓанец и подигнал кредит на туѓо име

Охриѓанец кој издржувал казна во штипскиот затвор, преку Фејсбук измамил сограѓанин, а потоа злоупотребил лични податоци за да подигне брз кредит, соопшти СВР Охрид.

 |   | 

Во периодот додека се наоѓал во затвор во периодот февруари-април годинава, преку лажен профил на социјалната мрежа, тој стапил во контакт со сограѓанинот и го довел во заблуда за да му обезбеди лични документи од трето лице.

„Тој остварил контакт со лице од Охрид и доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити“, велат од СВР Охрид.
Против осомничениот полицијата поднела кривична за две дела: измама и злоупотреба на лични податоци.