Затворено струшкото ОУ “Браќа Миладиновци“ поради корона
Од денеска нема настава со физичко присуство поради голем број заразни вработени наставници и технички персонал. Нема инфицирани помеѓу учениците. Децата наставата ќе продолжат да јаследат он лајн.
Затворено најголемото основно училиште во Струга. Од денес во „Браќа Миладиновци“ нема настава со физичко присуство.
Девет вработени лица се заразиле со корона вирусот, четворица наставници и петмина од техничкиот персонал. Двајца од нив се со тешка клиничка слика хоспитаилизирани во струшката болница.
„ Во нашето училиште деца немаме заразени. Во согласност со минисетсртвото и општината се договоривме две недели да се напправи пауза работи онлајн заради намалување на заразата., вели лаура Шате директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
Околу триста ученици од прво до трето одделние на македонски, албански и турски јазик, кои наставата ја следеа со физичко писуство во две смени , наставата ќе продолжат да ја следат онлајн.
„Наставниците ни беа на семинар значи имаме и администратор што сите деца ќе бидат вклучени без никаков проблем.Администарторот е пприсутен за сите деца и за сите наставници“ , додава Шате.
Корона вирусот ги затвори и основните училишта во селата Јабланица и Луково.