Завод и Музеј и годинава со многу проекти
Голем број проекти за 2017 година најавуваат од Националната установа Завод и Музеј Охрид. Директорката, Тања Паскали Бунташеска вели дека програмата е богата и им претстои напорна работа. Очекува истата во целост да биде реализирана.
НУ Завод и Музеј Охрид денес ја презентираше програмата за работа за 2017 година. Истата е обемана, во законски предвиеден рок уредно е доставена до Министерствот за култура од каде е и одобрена. Директорката Тања Паскали Бунташеска очекува дека програмата успешно ќе биде реализирана. Во неа застапени се проекти од областа на заштита на културното наследство, музејската дејност, меѓународната соработка, издавачката и ликовната и галериската дејност, додава Бунташеска.
„Ја завршуваме куќата на Коле Котуш, ќе се работи на кровот и фасадата на куќата од Ѓенекови во самиот центар на Охрид, ќе се работи на конзервација на куќата на Петанови и Хаџиеви на улица „Димитар Влахов“ станува збор за значајни куќи од периодот помеѓу двете Светски војни. Се продолжува со конзерваторско реставраторски работи на живописот на црквата Св Ѓорѓи во Струга кој се работ 4-5 години и во оваа година планираме копмлетно да завршат сите конзерваторско реставраторски работи“.
Бунташеска откри дел од проектите и за Струга кои установата треба да ги реализира со програмата за 2017 година. Таа кажа дека ќе се работи на повеќе фасади.
„Како проекти значајни кои се предвидени оваа година се конзервторско рестравраторски работи на повеќе фасади на територија на општина Охрид и Струга. Во општина Струга оваа година ќе ги реализираме куќата на Љуба Блажеска која ќе биде комплетно завршена и ќе бидат завршени фасадите и покривната конструкцијана галеријата Коџоман и куќата на Владо Малески,сите тие објекти се наоѓаат во една амбиентална целина, заедно со објектот на Музејот на спомен домот на Браќа Миладиновци“
Бунташеска нагласи дека годинава ќе бидат завршени многу проекти од областа на конзервација на архитектурата, продолжуваат и со конзерваторските работи на фреско живописот, а исто така прифатени биле многу проекти и од музејската дејност. Од годинава Завод и Музеј ќе работи и на конзервација на накит и предмети за лична употреба од етнолошката збирка на Завод и Музеј и ќе биде изработен уште еден елаборат за ревалоризација на збирка на археолошки предмети од праисторијата.