општина дебрца
Завршена е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на ООУ „Дебрца” Белчишта
Поставена нова асфалтна подлога на игралиштето од ООУ “Дебрца” Белчишта.
Од Општина Дебрца информираат дека согласно Годишната програма за развој на спортот во општината завршена е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на ООУ „Дебрца” Белчишта.


Поставена е нова асфалтна подлога, на површина од 998 м2, а средствата во износ од 1.426.226 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.


