Од Општина Дебрца информираат дека завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда во село Оровник.
Монтирана е топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.
Вкупната вредност на работите изнесува 793.123 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.