Skip to main content

ЈЗУ Општа болница Охрид

Завршено реновирањето на одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија во охридската болница

Завршено реновирањето на одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија во охридската болница.
 |  инфодеск  | 

Завршено реновирањето на одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија во охридската болница.

-Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница се карактеризира со висока фрекфенција на пациенти како од нашиот град така и од регионот, кои добиваат амбулантска и интрахоспитална нега. Последен пат одделот бил реновиран во 1978 год., а со овај зафат беше опфатено осовременување на болничките соби, работните простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешната столарија, стои во соопштението од ЈЗУ Општа болница Охрид.

Преку реализација на овој проект се подобруваат квалитетот на здравствените услуги и условите за работа, се намалува ризикот за интрахоспитални инфекции и се зголемува енергетската ефикасност.

Вкупната вредност на проектот изнесува 4.500.000 денари обезбедени од сопствена и од донаторска сметка.

В.Д. Директорот Спец Д-р Горан Маркоски изрази благодарност до донаторите: “Пе-Пулс”, “Отпад-Охрид”, “АСП-ПАК”, Кибопласт инжинеринг”, “Инфо-Биро ДОО”, како и до вработените на интерното одделение за нивната лична заложба.