Skip to main content

Решен кадровскиот проблем во охридската градинка

Завршен кадровскиот проблем во охридската градинка.

 |  Валентина Неловска  | 
gradinka
gradinka

Во Агенцијата за јавни службеници тече конкурсот за прием на 4  профили за потребите на детската градинка „ Јасна Ристеска“. Работно ангажирани ќе бидат 3 воспитувачи и една негователка, информира директорката  на градинката Роза Костоска. Овие вработувања  се дел од планираните 300 на  Министерството за труд и социјална политика за Македонија, од кои  9 беа предвидени да се реализираат во охридската градинка. Претходно кадарот бил надополнет со 5  вработувања преку владиниот проект со Македонски шуми и биле вработени  негувателки, хигиеничарка, садомијачка и чувар – градинар. Овие вработувања се со решенија за неопределено работно ангажирање, напоменува Костоска, додека преостанатите 4 се во тек.
gradinka
„Треба да ни соопштаат кој ден Комисијата  ќе ги разгледа документите дали се во ред, а кој не. Очекуваме да ни соопштат и ќе видиме како ќе оди, а се оди преку Агенцијата за јавни службеници, ние не  можеме да  делуваме.“

За потребите на централната кујна ќе се до екипира готвачкиот кадар. Денес заврши конкурсот за прием на ваков профил, кажува Костоска. Досега во градинката пристигнале 4 пријави за помошник готвач , а пријавите може да пристигаат до понеделник кога се очекува и отварањето на документите, појаснува Костоска.    

„ Последен  е ден кога може да ги донесат документите. Нив ќе ги отвори Комисијата од градинката која ќе решава за избор на помошник готвач. Се ќе биде транспарентно како што налага Законот.“   

 Со 34 -тe  претходно новопримени профили  ангажирани преку Локалната самоуправа и Агенцијата за времени вработувања се стави крај на долгогодишниот проблем со кадарот во градинката.   Во 2014 година ќе останат реновирањето на просториите на градинките и обновата на белата техника  во централната кујна на оваа установа во која се згрижени околу 900 деца.

{loadposition content9}