Заврши обуката, време е за резултатите!
37 тренери добија сертификати со кои ќе помагаат во развој на руралниот туризам.
Поминаа десетте дена обука за развој на руралниот туризам. Резултат-37 тренери добија сертификати како сведоштво на искуствата стекнати во текот на обуката. Проектот „Развој на руралниот туризам“ им овозможи на учесниците од Охрид, Струга, Битола како и гостите од Албанија да се стекнат со подлабоки познавања на сите аспекти на овој специфичен вид на туризам.
„Со нашите патувања на терен во неколку села од Охридско-струшкиот регион, како и вчера го посетивме Вевчани, навистина на терен можевме да слушнеме и од претприемачите кои веќе работат со кои проблеми се соочуваат.“
„Се што видовме и доживувавме таму интересни моменти кои најверојатно ќе ги искористиме во иднина за некои проекти или било што некоја идеја која што ќе може да се реализира.“
„Видовме многу работи што треба да се сменат. Ова прекрасна земја што ја имаме, земја на сонцето како што ја нарекуваат би сакале навистински да светне како што свети сонцето. Многу работи треба да се променат и тие работи што треба да се променат ги научивме тука.“-рекоа дел од тренерите за рурален туризам.
Покрај израелските експерти кои ја спроведуваа обуката, задолжени за нејзина реализација беа и учесниците од Локалната Агенција за Развој од Струга на чија иницијатива всушност започна целиот проект.
„Јас сум навистина задоволна од првата активност на овој проект оваа обука. Поминаа 37 учесници, многу повеќе отколку што очекувавме и на наше задоволство сите беа присутни од самиот почеток до самиот крај. Следна активност е формирање на тој центар, бизнис-инкубатор, бизнис инкубатор за туризам кој што ќе им помогне на сите оние кои што сакаат да почнат бизнис во сферата на туризмот во Охрид, Струга и регионот.“-рече Катерина Василеска-Координатор на проектот, ЛАР-Струга.
Израелската влада беше таа која се погрижи за финансирање на престојот и работата на двајцата израелски експерти, а логистиката и трошоците за време на семинарот беа подржани од германското друштво за интернационална соработка. Покрај нив, учество во проектот зедоа и од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, како и Центарот за развој на југозападниот плански регион. За пофалба е секако волонтерскиот ангажман на локалната агенција за развој од Струга. Од таму сметаат дека Македонија има неверојатен потенцијал за развој на руралниот туризам, но дека во нас е моќта дали и како тоа ќе го искористиме.
{loadposition content9}