Заврши првата летна школа за архитектура и дизајн во Охрид
Заврши првата летна школа за архитектура и дизајн во Охрид.
Заврши првата летна школа за архитектура и дизајн организирана од Факутетот за архитектира и дизајн при Американ Колеџ, Скопје. Во текот на една седмица, триесеттина студенти од овој факултет, работеа на изработка на проекти на три локации во Охрид, на плоштадот кај Чинарот, кај поранешното училиште Свети Сава и на Долни Сарај. Владимир Георгиев, студент на трета година на скопскиот Американ колеџ, беше дел од летната школа за архитектура и дизајн. Георгиев е задоволен од можноста да работи и учи од врвни имиња од светот на архитектурата, а не го крие воодушевувањето од слушнатата приказна за реконструкцијата на просторот кај Долни Сарај, на познатиот охридски архитект Борис Чипан. Георгиев работел во групата студенти кои го истражувале токму овој простор кај Долни Сарај.
„ Ние направивме експеримент со гитара и амбиентално осветлување, направивме мини концерт. Бевме одушевени од видикот и акустиката на просторот, тоа е идеална функција за овој простор“, воодушевено вели Георгиев.
Професорот од факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ, Скопје, Мишко Ралев, е задоволен од резултатите на студентите. Тие работеа и размислуваа на сосема поинаков начин од оној што се работи во академската средина, вели Ралев.
„ Ми остави впечаток дека преку други медиуми се размислува за архитектрурата, преку друг сетилен систем. Не секогаш проектот мора да биде стручно, експертски издржан туку во прва фаза на осознавање на проблемот доаѓа интуицијата, општото образование и она што човекот го носи во себе, чувството за просторот“.
Професор Кокан Грчев, раководителот на првата летна школа во Охрид, сумирајќи ги резулатите, задоволно вели, одговоривме на прашањето дали може да ја гледаме архитектрурата како перформанс и зошто културното наследство е важно за создавање на современиот културен идентитет.
„Низ концептот на современата индустрија осмислуваме методи низ кој студентите заедно со професорите и менторите работеа поединечно на трите локации, која ги спојува една мисла да создадат креативна и културна патека, малку подзаборавени, а да потсетат на нивнот значење.Направивме сензибилиација на културното наследство од сите негови видови“, укажува проф. Грчев.
Првата летна школа за архитектура и дизајн беше поддржана од Завод и музеј Охрид и Фестивалот Охридско лето. На учесниците на летната школа им беа врачени дипломи и благодарници за нивната поддршка.
{loadposition content9}