Skip to main content

Завршува 40 дневната дружба со фестивалот Охридско лето

Четириесетдневната дружба со некои од најдобрите театри и најдобрите музичари од светот, завршува со изведбата на театарската претстава „Браќа Карамазови“ во изведба на театарот „Марин Држиќ“ од Хрватска.

 |  Мишел Наумоски  | 
Ohridsko leto
Охридско лето

52 реализирани термини, 10 театарски претстави од кои 6 премиери, 30 музички настани. Нови инструменти, промоција на недвиќно културно наследство, изложби на современ накит, графики и минијатури. Богата и професионална соработка со медиумите, нови сцени…Според директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска, ова се само дел од успесите кои ги постигнале на годинешното издание на Охридско лето.

Hvorostovski„На сцените во црквата Света Софија, Антички театар, предворје, дворот на училиштето Свети Климент, Куќата на Уранија, предворјето на хотел Палас, настапија 770 уметници од 23 земји: Велика Британија, Италија, Русија, Полска, Франција, Шведска, Словенија, Германија, Украина, Ерменија, Србија, Хрватска, Унгарија, Литванија, Канада, Кина, САД, Албанија, Бразил… Дел од програмата ја прикажавме во живо на интернет и пред дирекцијата на фестивалот, направивме мобилна апликација која работи на трите најпознати смартфон платформи: Андроид, АЈОС и Блекбери. Секој настан беше посетен до последното место и се бараше билет повеќе, над 25.000 посетители ќе запише ова фестивалско издание.“-вели директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска.

Izgubeni germanciСелекторката на музичката програма на Охридско лето, Гордана Јосифова-Неделковска, смета дека фестивалот годинава е исклучително успешен со сите музички имиња кои продефилираа, од отворањето на Хворостовски, до атрактивните Бонд девојки и хорската атракција Вива Вокс.

„Изминативе 40 дена од сето она што го искажа стручната критика, но и од многубројната почитувана фестивалска публика, можеме да заклучиме дека реализиравме уште едно успешно, квалитетно и богато фестивалско издание. Концертните простори секоја вечер исполнети до последно место, предвидената програма како концерт беше 40 дена да имаме квалитетна програма, издржана програма која што ќе го побуди вниманието и интересот на широката публика.“-рече Гордана Јосифова-Неделковска, музички селектор.

Ништо помалку атрактивен и драмскиот дел од фестивалот Охридско лето, смета селекторот Ѓорѓи Јолевски. Изведбите на МНТ со „Изгубени германци“, лондонската „Спортс плеј“, „Тартиф“ на Битолскиот народен театар, а особено финалето со „Браќа Карамазови“ на театарот „Марин Држиќ“ според него го искачуваат Охридско лето на уште повисоко скалило.

Bond„Охридско лето е навистина трамплин за многу театарски претставен продукции, млади режисери кои својата естетика ќе ја промовираат на големите фестивали, македонски јазик, македонска култура, македонска уметност во најубавото светло и ќе бидат македонски амбасадори на светските театарски сцени и нашата култура ќе биде претставена на големите фестивали. Токму тоа беше мојата идеја за овогодинешното Охридско лето и комбинацијата помеѓу странските режисери и македонските продукции и македонските режисери со странски продукции.“-изјави драмскиот селектор Ѓорѓи Јолевски.

И селекторите и директорката на фестивалот, се заблагодарија на сите учесници, сиот персонал и целата екипа која работела на годинешното издание на Охридско лето, а со желба следното 54 издание да биде уште поуспешно.

{loadposition content9}