Skip to main content

Завршува 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“

Врвни уметници од најразлични страни на светот со своите неповторливи настапи, оставија белег кој ќе се памети.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Денес завршува овогодинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Елизабета Јанкулоска, директорот на фестивалот истакна дека е ова е едно од најуспешните негови изданија, за што доказ е фактот што во целост е реализирана неговата програма, како и тоа што секој негов настан се одржуваше пред полни трибини, задоволна публика и во знак на беспрекорна сценско-техничка организација.

pres„На сцената имавме врвни уметници кои со неповторливите настапи оставија  белег во збогатувањето на Програмата. Ваквите уметнички вредности ќе останат засекогаш врежани во срцето на богатата уметничка традиција на Фестивалот. Извесен број уметници, кои и денес припаѓаат на светската елита, го прогласија Охрид за свој летен уметнички дом со што го афирмираа градот во интернационалните професионални кругови. Најповеќе од се ни значи нивната благодарност и желба повторно да бидат дел од оваа културна манифестација“ вели директорката Јанкулоска.

Елизабета Канческа Милевска, Министерот за култура на РМ, истакна дека на чело на оваа установа се наоѓа вистинскиот човек, а дека средствата вложени од страна на Министерството, се оправдани, бидејќи преку ова фестивалско издание успешно се покажани и докажани највисоките културни и естетски вредности. Особена е задоволна од фактот што се поголем е бројот на младата публика која ги посетува настаните од оваа најзначајна културја манифестација. Мистерката додаде дека во време кога гаснат фестивали и други кутурни манифестации,поради недостиг на финнасиски средства, да се одржи реномето на една ваква манифестација е навистина тешко и затоа во таа насока продолжува подршката на Министерството на култура се со цел оваа манифестација од година во година биде што подобра.

pres„Јас кога ќе направам една паралела, што претодно се издвојувало, што се издвојува, морам да кажам дека имам личен контакт со моите колеги министри за култура, од соседните земји, можам да кажам дека голема е подршката од страна на Владата, во делот на културата, за се она што се инвестира како во делот на програмската и во делот на сите оние инвестиции кои се во рамките и во интерес на нашите уметници“ изјави Министерката Милеска.

„Ѕвездите го прават фестивалот, но и бурната реакција на публиката и долгите и стоечки овации кои станаа одлика на секој концерт“, истакна Гордана Јосифова Неделкоска музичкиот селектор на фестивалот.

„Оваа година славни музички и театарски уметници блескаа на охридското небо. Имињата на големите Мишел Камило, Андреј Коробејников, Илија Гринголтс, Џема Бертањоли и други, со златни букви ќе бидат запишани во страниците на 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“, потенцира Неделкоска.

Пет премиери, две праизведби, две копродукции и четирите гостувања на странски продукции беа главната одлика на овогодинешната драмска програма на фестивалот, која на домашната и странска публика им понуди претстави од различни естетски и театарски форми, истакна Ѓорѓи Јолески, драмскиот селектор на фестивалот.

pres„Она што беше евидентно на сите театарски претстави без исклучок беа преполните сали со домашна и оваа година, во многу поголем број од претходните години, странска публика и вкупно театарската програма ја погледнаа околу 5000 гледачи, вљубеници на театарската уметност“ додава Јолески.

И Европската асоцијација на фестивали ЕФА, која годинава слави 60 години од своето постоење упати честитки до „Охридско лето“ и со најблескави искази ја пофали неговата годинешна програма. Од организациониот одбор за следната година најавуваат уште побогата програма со многу подобри услови достојни за овој голем светски фестивал.

{loadposition content9}