Заврши 39тата уметничката колонија „Дебрца 2024“
После десетдневно, активно ликовно создавање, заврши 39-та, по ред, Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “.
Годинава, на најстарата ваква манифестација кај нас, учествуваа 11 ликовни уметници, од Mакедонија, потоа, Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголскиот конзул), како, и, тројца учесници, од Србија и двајца учесници од Црна Гора.
-Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ располагаше со најбогат фонд уметнички дела во земјава, над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценлив македонски придонес кон светското културно наследство. Кон нив, во пресрет на 4 деценискиот јубилеј – догодина, придодадени се уште триесетина, изработени оваа година. Истата претставуваше едно ново искуство со други учесници кои за колонијата оставија извонредни дела. Јас се надевам на повторна средба со истите , бидејќи не само што имав прилика да уживам во тие дела, туку и да создадам незаборавни спомени со толку прекрасни личности, се обрати, на крајот, претседателката на Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, магистер инжињер – архитект, Мартина Целеска.