Skip to main content

Заврши повикот за субвенции за клима уред поради целосно исцрпување на средствата

Вкупната вредност за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување инвертер клими изнесуваше 1.500.000,оо денари.
 |  инфодеск  | 

Се известува јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, за останатите граѓани се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2026 год .

Вкупната вредност за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување инвертер клими изнесува 1.500.000,оо денари од кои 750.000,оо денари беа предвидени за домаќинства во социјален ризик (домаќинства кои имаат лице со попреченост, самохрани родители, згрижувачки семејства, пензионери) и исто толку за останати граѓани.