Завршија градежните зафати за реконструкција на санитарните јазли и електричната инсталација во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца.
Наша замисла е постојано инвестирање во образовните институции на територија на Општина Охрид . Во таа насока се одвиваат и нашите активности. Вредноста на реконструкцијата на санитарните јазли изнесува 1 313 600 денари, додека вредноста за реконструкција на електричната инсталација изнесува 824 188 денари – информираше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.