Заврши реконструкцијата на улицата во Долно Лакочереј – Крак 2
Од Општина Охрид најавуваат продолжување на инфраструктурните инвестиции и во останатите населени места, со цел подобрување на условите за живот на жителите.

Завршија градежните активности за реконструкција на улицата во охридското село Долно Лакочереј, на потегот Крак 2. Со проектот е опфатено подобрување на патната инфраструктура, со цел да се обезбедат поквалитетни услови за движење на жителите.
За завршувањето на градежните работи информираше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, посочувајќи дека проектот е реализиран во рамки на Вториот јавен повик за финансирање инфраструктурни проекти, објавен од Министерството за локална самоуправа.
Од Општина Охрид најавуваат продолжување на инфраструктурните инвестиции и во останатите населени места, со цел подобрување на условите за живот на жителите.








