Завршена е санацијата и адаптацијата на влезниот дел од училишната зграда во село Оровник.
Продолжуваме да вложуваме во образовната инфраструктура во општина Дебрца. Се изврши санација на влезните скалила од училиштето, заградување и застаклување на терасата, нова влезна врата, монтажа на настрешница, бетонирање на тротоар, обработка на ѕидовите во заградениот простор и друго – информира градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.
Вкупната вредност на работите изнесува 693.014 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината.