Со асфалтирање на потегот каде претходно се изведуваше нова фекална канализација се заокружуваат градежните активности на улицата „Даме Груев“. Целиот потег каде се работеше е вратен во првобитна состојба.
Старата и нефункционална фекална канализација се замени со нова, која се стави во функција за жителите од овој дел од градот – информираше градоначаникот Кирил Пецаков.
Вредноста на проектот е 900 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.