Градежни активности
Завршија градежните работи на ул. Даме Груев
Старата и нефункционална фекална канализација се замени со нова, која се стави во функција за жителите од овој дел од градот.
Со асфалтирање на потегот каде претходно се изведуваше нова фекална канализација се заокружуваат градежните активности на улицата „Даме Груев“. Целиот потег каде се работеше е вратен во првобитна состојба.
Старата и нефункционална фекална канализација се замени со нова, која се стави во функција за жителите од овој дел од градот – информираше градоначаникот Кирил Пецаков.

Вредноста на проектот е 900 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.


