Skip to main content

Завод и музеј охрид

Завршија конзерваторско-реставраторските работи во црквата Св. Богородица Болничка

Проектот е од Годишната програма за работа на Националната Установа Завод и Музеј Охрид, а раководител е м-р Никола Патчев.
 |  инфодеск  | 
Света Богородица Болничка

Завршија конзерваторско – реставраторските работи во црквата Св. Богородица Болничка во стариот дел на градот Охрид која датира од XIV век.

Претходни последни интервенции врз фрескосликарството биле во 1959-69 година. Оваа година со конзервација беше опфатено фиксирање и стабилизирање на ранливи делови нападнати од влага на источниот и северниот ѕид која негативно делуваше на на основите на живописот. На јужниот ѕид од носот беа обновени старите конзерваторски малтери, додека на источната и северната фасада беа обновени старите и дотраени фуги од кои навлегуваше дождовна вода – информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.

Света Богородица Болничка

Со помошници од МПЦ се исчисти и целиот кров на црквата од мов лисја и вегетација.

Проектот е од Годишната програма за работа на НУ Завод и Музеј Охрид, а раководител е м-р Никола Патчев.

Света Богородица Болничка