Во тек е втората и завршна фаза од поставувањето цевковод и приклучување во мрежа на новата водоводна линија на улицата „Браќа Миладиновци“.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 135 метри – информираат од ЈП „Водовод“.