Skip to main content

Завршната сметка на буџетот на Општина Охрид, неприфатлив за советниците од опозицијатa

Завршната сметка на буџетот на Општина Охрид неприфатлив за советниците од опозицијата. На оваа точка се кршеја копјата на денешната дваесетта седница на совет.

 |  Јаковлева Лионела  | 
tomislav tuntev
томислав тунтев

Извештајот за остварените приходи и извршените трошоцина буџетот по завршната сметка на буџетот на Општина Охрид за 2013год., неприфатлив за советниците од СДСМ. Координаторот Томислав Тунтев вели дека  низ него провејуваат политички квалификации од типот дека до април минатата година се работело незаконски со асигнации, цесии, компензации и др. и дека немало усогласеност со законската регулатива, а дури од доаѓањето на новата власт почнало да се работи законски.

Ако осум години се работело незаконски  со виртуелни пари како што велат, каде тогаш биле  централните органи како што се  централниот регистар, финансовата полиција, Министерството за финансии, УЈП, да реагираат на таквото наводно незаконско работење, вели Тунтев.седница

Тунтев има забелешки зошто во завршната сметка воопшто не е спомнат ребалансот на буџетот направен на 30 јуни 2013год. кога опозицијата била децидна  да не се носат нови развојни програми на сред година туку постоечките да  претрпат измени и дополнувања и да не се врши ребаланс на буџетот. На завршната сметка на буџетот реагираше и советникот од ЛДП, Дејан Блажески.

-Повторно видовме еден дрзок популизам на Локалната која ветуваше дека Владата доколку  дојдат на власт ќе овозможи повеќе средства за Охрид. Само за компарација Владата одвои повеќе пари за ЈП „Македонски шуми“ во висина од осум милиони евра а за Охрид само шест милиони евра, рече Блажески.

Секретарот на општината , Димитар Спасески рече дека обвинувањеата не држат. Тој подвлече дека финансиската состојба на Општината полека но сигурно се стабилизира.

Од една катастрофална ситуација во која го затекнавме градот кој тонеше во долгови на секој чекор, оваа Локална самоуправа со максимално домаќинско работење и посветеност во изминатиов период Охрид не го задолжи ниту едно евро, а исплати голем дел од затекнатиот долг, рече Спасески.

Извештајот за остварените приходи и извршените трошоци на буџетот по завршната сметка на буџетот на Општина Охрид за 2013год. кој беше дел од 56те точки на дневниот ред на денешната седница, беше изгласан без подршка на опозицијата.

{loadposition content9}