Завршува програмата на „Фестивалот на новиот германски филм“ во Охрид
Со проекција на документарниот филм „Германија од горе“ вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ завршува програмата од десетото издание на „Фестивалот на новиот германски филм“ која беше предвидена за Охрид.

Документарниот филм е во режија на Фреди Рекенхаус и Петра Хефер со карактеристичен иновативен ХД-квалитет, снимен со помош на најмодерната техника, од хеликоптери и мали авиони.
Од птичја перспектива публиката ги следи реките и нивниот тек по земјата, прелетува планини, лови со златен орел или набљудува фудбалски натпревар од птичја перспектива.
На неверојатната природна разновидост на Германија, на нејзината флора и фауна, а дотолку повеќе и на жителите, „Германија од горе“, им остава траен кинематографски споменик, пишува во програмата на филмскиот фестивал.
Проекција започнува во 20 часот, а влезот е слободен.
{loadposition content9}