Завршуваат градежните активности на улицата „Момчило Јорданоски” во Охрид.
После поставувањето на нова атмосферска линија и изградба на нови тротоари, се асфалтираа коловозните ленти. Оваа улица добива нов лик, а граѓаните подобри и побезбедни услови. Посветено, со големо внимание и систематски ги реализираме зацртаните проекти – напиша градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, на официјалниот фејсбук профил.

Реконструкцијата на улицата е заеднички проект на Локалната самоуправа и Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Вон овој проект, Општина Охрид целосно ја реконструира атмосферската мрежа во должина од 430м, за што се одвоени 3 милиони денари. Во наредниот период, планирано е поставување на нова сообраќајна сигнализација.
