Skip to main content

Активности

Завршува реконструкцијата на улица Будва

Со овој проект значително се подобруваат сообраќајните и инфраструктурни услови за жителите од оваа населба.
 |  инфодеск  | 
Улица Будва

Во тек се завршните активности за реконструкција и асфалтирање на улицата „Будва“.

Според договорот со АД „Илинден“, поставен е нов слој асфалт во должина од 700 метри, плочник по целата должина на улицата, а претходно ЈП „Нискоградба“ постави нова атмосферска канализација.

Улица Будва

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 10 милиони денари, со која значително се подобруваат сообраќајните и инфраструктурни услови за жителите од оваа населба.