Skip to main content

Збогум Буково го испитува јавното мислење за одлагање на кабаст и зелен отпад

Збогум Буково спроведува мала анкета за испитување на мислењето на граѓаните во однос на изградбата на собирен центар како и за потешкотиите коишто ги имаат при одлагање на кабаст и зелен отпад.
 |  инфодеск  | 
Кабаст и зелен отпад

Една од основните причини за создавањето на дивите депонии на територијата на Охрид и охридскиот регион е неправилното и несовесно одлагање на кабаст, зелен и друг тип на опасен отпад, велат од Збогум Буково.

Општината на Охрид како дел од подготовките за спроведување на Планот за управување со отпад веќе има одредено место за изградба на собирен центар како и основен план за дизајнот и фракциите на отпад коишто таму ќе се одлагаат. 

Збогум Буково во насока да го потпомогне процесот спроведува мала анкета за испитување на мислењето на граѓаните во однос на изградбата на таков центар како и за потешкотиите коишто ги имаат при одлагање на таков тип на отпад.

-Нашето искуство е дека граѓаните многу поотворено и поискрено критикуваат доколку се анонимни, затоа се одлучивме за ваков пристап. Анкетата има за цел да го афирмира прашањето за дивите депонии, да едуцира за можностите кои ги нуди постоењето на собирен центар во којшто граѓаните сами ќе треба да го носат овој отпад и секако да го зголеми притисокот врз локалната самоуправа којашто сметаме дека треба да биде носечка во изградбата и менаџирањето на центарот, особено во одделувањето на средства за него, велат од Збогум Буково.

Кликнете на линкот кој ќе ве однесе до анкетата:

https://docs.google.com/forms/d/1_dpPFbosVuBDl3nOyBTBmSKJZ7ZbyULz-2ScpRZ4esE/edit