Трето официјално барање покрај многубројните неофицијални достави инцијативата „Збогум Буково“ до градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за расчистување на дивата депонија покрај улицата „Марко Цепенков” во кругот на болницата.
–Општината има законска обврска за мапирање, расчистување и превенирање на сите диви “депонии” на нејзината територија. Постапувањето според оваа обврска во случај кога ѓубриштето се наоѓа на приватен имот е отежнато и според досегашното наше искуство скоро невозможно. Законот за управување со отпад го уредува ова многу прецизно и јасно во член 38. Градоначалникот на општината има обврска да издаде правен акт за расчистување на ѓубриштата на приватен имот според којшто се задолжува претпријатието одговорно за чистење, велат од „Збогум Буково“.
Во нивното соопштение додаваат дека се надеваат дека општината ќе воспостави функционален систем според Законот за ефикасно и успешно чистење на ваквите ѓубришта на нејзината територија, бидејќи овие ѓубришта претставуваат ризик по здравјето на граѓаните и целиот останат жив свет, дополнително придонесува за лош имиџ на градот Охрид.