Активистите од Збогум Буково започнуваат силни кампањи за еколошка едукација на населението и селекција на отпадот
Додека тече изградбата на регионалната депонија во Новаци мора засилено да се работи на едукација на населението. Активистите од иницијативата Збогум Буково велат ќе отпочнат силни кампањи за селекција на отпадот, која што треба да започне од секој дом од секој поединец. Населението мора да стекне нови еколошки навики за рециклирање и заштита на животната средина.

– Работиме на едукација на населението за што значи да се селектира различните типови на отпад. Зошто е тоа важно? Дури и во овој момент кога немаме трансферна станица и немаме, да кажеме, целосна инфраструктура, очекуваме таа инфраструктура, тие канти, контејнери, да го покријат целиот Охрид според планот во текот на годината, можеби и наредната. Но многу е важно да ги тргаме на страна сите оние токсични отпад, како пластиката, на пример, за да не одат на Буково, вели Драгана Карашова од Збогум Буково.



Општината Охрид ќе гради собирен центар за бесплатно долагање на кабаст, зелен и опасне отпад. Веќе е изработен идејниот проект избрана е и локација.
-Лобираме општината и државата да ја преземе обврската финансиска за изградба на собирен центар за кој што веќе е одредена локација покрај Нискоградба место каде што граѓаните ке можат сами бесплатно да го одлагаат кабастиот, зелениот и металниот отпад и други типови на опасен отпад. Општината веќе има изработено основен дизајн како тоа треба да изгледа, но се обидуваме да лобираме да бидат и финансиски покровители на тоа со што ке го намалиме исфрлањето на опасен отпад по села, планини и ливади, вели Карашова.
Во земјава веќе опреираат компании кои ја преземаат селектираната пластика., а активистите најавија дека наскоро ќе започне и кампањата Охрид селектира.
Новинар Соња Рилковска
