Skip to main content

Збогум Буково втора година ја спроведува програмата “Училишта без пластика”

Целта на програмата е поставување на одржлив и функционален систем за селекција на пластика, метал, хартија и ситен електронски отпад во училиштата.
 |  инфодеск  | 

Започна програмата “Училишта без пластика” со садење на генерациските дрвца на првоодделенци и учениците од прва година во училиштата. Програмата ја спроведува Збогум Буково втора година по ред.

Првата година оваа програма беше спроведувана во четири основни училишта во Охрид, а оваа година се приклучија уште три основни училишта и средните училишта.

Целта на програмата е поставување на одржлив и функционален систем за селекција на пластика, метал, хартија и ситен електронски отпад во училиштата. Според програмата училиштата формираат или ги задолжуваат веќе постоечките еко-секции во рамките на училиштето коишто покрај тоа што работат на воспоставување на овој систем за селекција земаат учество и во дополнителни едукативни и креативни работилници за најголемите загадувачи како пластиката, текстилот и учат за практични примери за рециклирање или реупотреба на селектираните фракции отпад. Еко-секциите како водечки ентитет во училиштата имаат должност за дисеминација на стекнатото знаење и позитивни практики на своите соученици во сите одделенија и класови, велат од Збогум Буково. ц0

Во програмата се планирани и неколку настани и теренски акции како пошумување, садење дрвја во урбана средина, еко-пазарот на алишта и предмети на втора рака, обележување на глобални и европски денови значајни за одржливиот развој на градовите со цел подигање на свеста за загадувањето, потребата од зелени површини, потребата од алтернативни начини за транспорт и одржливи пракси во секојдневното живеење.

Оваа програма се спроведува во соработка со Ј.П. Охридски Коминалец, Охрид, Енхелеус Лихнид, Пакомак и Нула Отпад, Скопје.