Skip to main content

Потпишана повелба за соработка

Збратимување меѓу ИПА Охрид и ИПА Егнатија

ИПА регион Охрид – Македонија и ИПА регион Егнатија – Република Албанија потпишаа повелба за соработка и збратимување.
 |  инфодеск  | 
Ипа Охрид повелба

Викендов во Охрид, беше потпишана Повелба за соработка и збратимување помеѓу Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид – Македонија и Интернационалната полициска асоцијација, регион Егнатија – Република Албанија.

Повелбата ја потпишаа претседателите на двата ИПА региони, м-р Стефан Димоски и Генц Постоли.

Повелбата за збратимување е доказ за меѓусебното разбирање, желба и потреба за кооперативност, заемно помагање на двата ИПА региона и двете национални секции на сите нивоа, со цел ширење на ИПА идеите и доказ за билатералната меѓународна професионална ИПА полициска соработка – истакна во поздравното обраќање, Перчо Божиновски, како претставник од Локалната самоуправа.

Божиновски, искажувајќи ја подрдршката што ИПА Охрид ја има од градоначалникот Пецаков и од Локалната самоуправа, рече дека потпишувањето на повелбата е одлука за поинтензивна и поуспешна работа и чекор плус кон подигнувањето на степенот на безбедноста во нашите средини.

Претседателот на ИПА регион Охрид, м-р Стефан Димоски, во своето обраќање рече дека ИПА Охрид, ја цени и почитува покажаната поддршка од Општина Охрид и градоначалникот Пецаков и дека тоа е уште еден мотив повеќе, ИПА Охрид посветено да работи во интерес на сите полициски службеници – ИПА членови, но и на граѓаните на градот Охрид.