Skip to main content

Потпишана повелба

Збратимување на ИПА Охрид и ИПА Нови Сад

Синоќа, на свечена пригодна манифестација во Охрид, беше потпишана Повелбата за соработка и збратимување помеѓу ИПА регион Охрид-Македонија и ИПА регион Нови Сад-Република Србија.
 |  инфодеск  | 
Збратимување ипа

Синоќа беше потпишана Повелбата за соработка и збратимување помеѓу Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид-Македонија и ИПА регион Нови Сад- Република Србија.

На свеченоста, поздравен говор имаше советникот во Советот на општина Охрид, Перчо Божиновски кој од името на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, го поздрави значајниот чин на збратимувањето, а на високата ИПА делегација од Нови Сад, им посака добар престој во Охрид, градот на светлината, градот на сесловенската писменост и култура, македонскиот туристички бисер.

Тоа е значаен чекор кон подигнување на вашата меѓусебна соработка, како припадници на ИПА, но многу повеќе како припадници на полициските служби што од друга страна, значи чекор плус кон подигнување на степенот на безбедноста во нашите средини и пошироко. Јакнењето на Вашето искуство и соработка во рамките на ИПА, значи и отвореност кон граѓаните за  поефикасно остварување на полициските работни задачи. Вашето збратимување значи поголема функционалност на ИПА регионите и националните секции,ж и води кон поцелосно остварување на ИПА концептот и ИПА принципите – истакна Божиновски во дел од своето обраќање.

Збратимување ипа

Претседателот на ИПА Македонија Робертино Ацески, истакна дека повелбата за збратимување е доказ за меѓусебното разбирање, соработка и помош меѓу двата ИПА региони на сите нивоа. Со цел ширење на ИПА идеите и доказ за билатералната меѓународна професионална ИПА полициска соработка.

Претседателот на ИПА Охрид Стефан Димоски, се заблагодари на колегите од ИПА Нови Сад што долгогодишната идеја за збратимување конечно е реализирана. Истата претставува добра основа, во согласност со статутот и принципите на ИПА. Да се спроведуваат едукативни проекти и други форми на соработка кои ќе ги надградуваат професионалните знаења и способности на полициските службеници.

Димоски нагласи дека ИПА активностите во заедницата, значат поголема достапност и отвореност на полициските службеници до сите граѓани.

Стефан Димоски ипа Охрид

Претседателот на ИПА Нови Сад, Милорад Петковиќ, вели дека потпишувањето на Повелбата за збратимување е врв на повеќегодишната соработка помеѓу ИПА Охрид и Нови Сад. Тој се надева дека збратимувањето ќе има поголема функционалност на ИПА регионите и националните секции.

Милорад Петковиќ ипа Нови Сад

Во рамките на престојот во Охрид, високата делегација од ИПА Нови Сад, ги разгледа и најзначајните културно-историски знаменитости во градот и охридското крајбрежје.

Димоски Божиновски