Skip to main content

Децата згрижени во објектите на градинката Јасна Ристеска здраво се хранат

Родителите можат да бидат спокојни. Децата згрижени во објектите на градинката Јасна Ристеска здраво се хранат. Квалитетот на храната еднаш месечно го контролира Агенцијата за унапредување на домаќинството од Скопје, а го контролира и Центарот за јавно здравје.

 |  Јаковлева Лионела  | 
gradinka
градинка

 

Децата згрижени во објектите на градинката Јасна Ристеска здраво се хранат, вели директорката Марина Петровска Тодороска. Храната ги задоволува сите стандарди и нормативи пропишани за храна за деца од предучилишна возраст. Оброците се свежи и квалитетни, а не се користат никакви месни преработки како паштети, виршли, салами и др., додава таа.gradinka

Со оглед на тоа дека во последно време квалитетот на млекото во голема мера ја разбранува јавноста, од градинката смируваат дека млечните производи кои се конзумираат таму се со највисок квалитет. Директорката вели дека нема причина за никаков сомнеж или дилема кај родителите што јадат и пијат нивните деца кои се згрижени во оваа предучилишна установа. Во оваа установа се користи битолското млеко, а тоа ги задоволува критериумите за квалитет, вели Тодороска.


Квалитетот на храната која се дава во градинката Јасна Ристеска еднаш месечно го контролира Агенцијата за унапредување на домаќинството од Скопје, а го контролира и Центарот за јавно здравје. Се земаат примероци од храната која се конзумира во тековниот ден и се проверува нејзиниот квалитет, но и нутриционстичката вредност. jadenjeИзвештајот од ЦЈЗ за нутриционистичката вредност на храната која се давала во градинките во текот на минатата година е позитивен. Инаку, во градинката децата ако се во полудневен престој имаат доручек и ручек, а ако се во целодневен имаат доручек, ручек и ужина. Менито се прави за цел месец однапред, а храната мора да биде свежа, тазе подготвена и разновидна. Само за пример, денес децата за доручек имаа намаз на леб од риба кој се подготвува во кујната и чај, за ручек, ќофте во доматен сос, салата од зелка и морков и сок, а за ужина чокобисквит и млеко. Менито е поставено на огласната табла која се наоѓа во холот од градинката, па секој родител доколку сака може да види што јадело неговото дете. Директорката вели дека во градинката е воведен ХАСАП системот и дека воопшто нема потреба од никаква загриженост кај родителите што се однесува до квалитетот на храната и нејзината подготовка.

{loadposition content9}