Здравствениот дом во Охрид доби три нови возила за Итната медицинска помош
Новите возила треба да придонесат за поефикасно функционирање на службата и подобра здравствена грижа за пациентите.

ЈЗУ Здравствен дом Охрид доби три нови, современо опремени возила за потребите на Службата за итна медицинска помош. Станува збор за возила „Рено Мастер“, опремени со комплетна медицинска опрема за укажување итна медицинска помош и транспорт на пациенти.
Од Здравствениот дом упатија благодарност до Министерството за здравство и Владата, посочувајќи дека донацијата претставува значајна поддршка и признание за нивните континуирани заложби за подобрување на условите за работа и унапредување на квалитетот на здравствените услуги.
Новите возила треба да придонесат за поефикасно функционирање на службата и подобра здравствена грижа за пациентите.









