Skip to main content

Здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого, ветува ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија

Коронавирусот откри дека состојбата со здравствениот систем во Македонија е поразителна, кажа денеска на прес конференција кандидатот за прaтеник д-р Кирил Пецаков. Тој порача дека се обврзуваат и ветуваат екстензивно инвестирање во здравствениот систем за Охрид и  Македонија  да имаат потполна верба во јавното здравство.

 |  Валентина Неловска  | 


Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого, порача Кирил Пецков, кандидат за пратеник од ВМДО ДПМНЕ и коалицијата. Приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во здравството ќе бидат стратешко позиционирање на здравството како приоритет за грижата за граѓаните, предвидливост и континуитет на работата, како и донесување на Национална здравствена стратегија заснована на неколку постулати, кажа Пецаков.


Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија и во јавното здравство;
Зајакнување на примарното здравство, стоматологијата и превентивата;
Оптимизација на здравствениот систем, ориентиран кон поквалитетни услуги за пациентите;
Нулта корупција во здравството;
Стандардизација на квалитетот на здравствените услуги;
Интегрирање и функционално реорганизирање на здравствените единици.“


Здравство без хартија, кој подразбира целосна дигитализација на здравствениот и фармацевтскиот систем, Национален координатор за здравство за оптимизација на здравствениот третман на пациентите , модернизација, функционална интеграција и реконструкција на здравствените центри во целата држава, се клучни аспекти на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија, посочи Пецаков.

„Со цел да го задржиме медицинскиот кадар во Македонија и во јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да им обезбеди на лекарите и стоматолозите достоинствени примања и современа, континуирана медицинска едукација по најдобрите светски стандарди. Се обврзуваме и ветуваме екстензивно инвестирање во здравствениот систем. Охрид и Република Македонија мора да имаат потполна верба во јавното здравство.“

Системот во Република Македонија изминативе четири години, не само од здравствен аспект, туку и од сите други области е колабиран. Коронавирусот откри дека состојбата со здравствениот систем во Македонија е поразителна, рече Пецаков.
Затоа на 15 јули изборот е едноставен и јасен.
Да го одбереме бројот 14 за обнова на здравството.
14 за инвестиции во здравството чиј главен фокус се пациентите.
14 за обнова на Охрид и Македонија.