Skip to main content

Со здружени сили до европски пари

Охрид, Струга и Поградец преку заеднички  проекти ќе влечат европски пари.

 |  Маленкова Татјана  | 
Ohrid
Охрид

Регионот Охрид, Струга и Поградец има заеднички климатски и еколошки карактеристики. Првите луѓе на овие општини  ве
лат дека заедничка цел им е овој регион во иднина да го развијат преку интензивирање на меѓусебната заедничка соработка,   преку формирање на една заедничка стратегија  која ќе биде појдовна основа за развој на идните економски политики на овој регион.

„Јас сум убеден дека кај градончалниците, но и кај институциите на локалните самоуправи на овие три града кои гравитираат околу Охридксо езеро постои доволна желба и мотив, но и енергија сите проекти кои заедно ќе ги дефинираме и кои заедно имаме намера да ги реализираме, затоа што заедништвото е основен постулат врз кој меѓународните институции  и здруженија нас би не подржале во нашите активности“, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Бакрачески додава дека преку интензивирање на меѓусебната соработка  и воведување на нови формина Ohridсоработка ќе простапат кон поорганизиран настап пред меѓународните фактори. Според градоначалникот на Охрид  само на овој начин може да ги реализираат сите заложби, проекти и визии кои ги имаат трасирано локалните самоуправи со цел да го унапредат овој регон не само во економски туку и во сеопфатен смислол.

Со ова се сложува и градоначалникот на Албанскиот град Поградец, Артан Шкемби. „Мислам дека општините треба да потегнат соработка. Во времето кога граѓаните се движеа со визи и кога другите се движеа со пасоши, ние се движиме со лични карти“. Трите општини може да соработуваат и во отворање на граничниот премин Радожда – Лин, затоа што таму нема граничен премин, а е потребен, вели првиот човек на Поградец.

„Сега е време да ги отсраниме и личните карти, да отвориме повеќе гранични премини  и по можност езерото да е заедничко и да се движиме слободно како и рибите. Се разбира дека каде што има желба постојат и можности“, истакна градоначалник на Поградец, Артан Шкемби.

StrugaОваа идеја оптимистички ја подржува и првиот човек на Струга, Зијадин Села. Тој е категоричен дека дека има многу можности за заедничко аплицирање пред европските фондови. Села додава дека за овој регион посебно се интересни заедничките проекти поврзани со езерото, затоа што во моментов се соочуваме е загадувањето со водите.

„Ние работиме заеднички околу сите проекти, разговараме по овие проблеми и во иднина ќе работиме на конкретни проекти заедно со градоначалникот на Охрид и Поградец и истите би ги направиле за да имаме чиста средина и развој на регионот“. истакна градоначалник на Струга, Зијадин Села.

Сепак Села и покрај тоа што е оптимист за заедничките проекти вели дека неможеме да зборува за развој на Охридско Струшкиот регион кога  има  двојни аршини. Ако сакаме да се развиеме како регион треба да се развиваме заедно како што треба, бидејќи сме граѓани на иста држава и исто плаќаме даноци.  Ова го поткрепи со образложението дека неможе да зборуваме за Унеско и заштита на Охридското езеро кога имаме стотици објекти одма покрај езеро, а кои треба да бидат одалечени на 50 метра од Езерото.   

{loadposition content9}