Skip to main content

Здружението на лица со дијабет од Охрид организира средба со професионални нутриционисти

Настанот ќе се одржи во читалната на Библиотеката од 16:45 часот и е отворен за сите заинтересирани.
 |  инфодеск  | 
Библиотека Охрид

Здружението на лица со дијабет од Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид утре, 26 февруари, организира средба со професионалните нутриционисти Наум Костов и Билјана Трајчевска (НутриДуо) од Охрид.

Темата е посебно актуелна: „Науката и трпезата: микробиомот во време на пост“, а настанот ќе се одржи во читалната на Библиотеката од 16.45 часот и е отворен за сите заинтересирани.