Skip to main content

Охрид и дебрца

Здружението на пензионери ги демантира обвинувањата изнесени од група незадоволни членови

Здружението на пензионери ги демантира обвинувањата изнесени од група незадоволни членови. Претседателот Горѓија Трпчески за ТВМ вели, обвинувањата доаѓаат од група членови кои имаат лични и бизнис интереси. Поедини пензионери шират лаги, со кои го нарушуваат угледот на Здружението на пензионери. На изборите немаше никакви нерегуларности, а за тоа постојат записници со потпис на записничар и оверувачи.
 |  инфодеск  | 
Здружение на пензионери

Здружението на пензионери од Охрид ги отфрлува обвинувањата изнесени од дел од членовите. Претседателот Ѓорги Трпчески за ТВМ вели обвинувањата доаѓаат од група членови кои имаат лични и бизнис интереси, за што, вели, има и докази. Судот ги отфрлил сите обвинувања и поднесени кривични пријави, кон претседателот и другите раководни членови на здружението. Тврди, се работи согласно Статут и програма, а средствата се користат строго наменски.

Трпчески ги отфрлува и обвинувањата во однос на нерегуларности на изборите на претседател на Здружението.

Имавме програма направено, програмата ја донесе Собранието и согласно таа програма, се донесоа одлуки, се избра изборна комисија што никое здружение во републиката така не организира. Во еден ден некаде се држат изборите, ние направивме програма 28 дена, по сите месни ограноци, комисијата изборна беше на сите состаноци и оттаму се резултатите – вели Ѓорги Трпчески.

Здружение на пензионери

Поедини пензионери шират лаги со што го нарушуваат угледот на Здружението на пензионери. На изборите немаше никакви нерегуларности, а за тоа постојат записници, со потпис на записничар и оверувачи, појаснува Миланка Панделеска, претседател на изборната комисијата.

Имавме некои минорни забелешки во два три месни ограноци, каде што навистина имаше присуство на пензионери од други месни ограноци. Така да, во два месни ограноци беа поништени изборите и истите дополнително се одржаа и се избраа членови во месните одбори и делегати – вели Миланка Панделеска, претседател на комисијата за избори.

Здружение на пензионери

Целта на Здружението на пензионери е поддршка на пензионерите и подобрување на животот на луѓето во третата доба.

Се избраа сите органи, тела, членови, претседател, потпретседател на собранието, членови на Извршниот и надзорниот одбор, статутарна комисија, така што се заврши со успех на таа конститутивна седница. Ние со еден збор може да се каже дека сме пензионери заедно со една иста цел, да сме колеги, да соработуваме, не сме непријатели ние на ова здружение, напротив, сакаме да има соработка, за успешно стареење наше, ова што ни останало да го проживееме со позитивна енергија и позитивна мисла – вели Ристо Трајкоски, претседател на Собранието на пензионери при општина Дебрца.

Здружение на пензионери

Изминатиот период имаше превирања и обвинувања од страна на група пензионери кон Здружението на пензионери.

Новинар : Соња Рилковска