Skip to main content

Охридското Здружение на пензионери работи успешно

Охридското Здружение на пензионери успешно ја заврши минатата година. На денешната Седница на здружението која е пета по ред, а прва во оваа година беше усвоена завршната сметка за 2012 год, а се донесе и програмата за работа за 2013.

 |  Јаковлева Лионела  | 
penzioneri
пензионери

Охридското Здружение на пензионери успешно ја заврши минатата година. На денешната Седница на здружението која е пета по ред, а прва во оваа година беше усвоена завршната сметка за 2012 год, а се донесе и програмата за работа за 2013.
Mаринела Jовановиќ, претседателката на Собранието на Здружението на пензионери-Охрид, вели дека се задоволни од домакинското работење на здружението.penzioneri

Ова здружение минатата година беше успешно на спортски и културен план. Тоа го освои преодниот пехар на 17тиот републички спортски натпревар на пензионери кој се одржа во скопје, а неговите членови учествуваа и на повеќе културни настани. Од Сојузот на пензионери велат дека секој успех на здруженијата го сметаат за нивни успех, но и обратно, успехот на сојузот е успех и на здруженијата. На денешното собрание учествуваше и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на РМ, Драги Аргироски, а и членовите на Извршниот одбор и членовите на надзорниот одбор, како и членови на Статутарната комисија. Ова е прв пат собранието да се одржи во вака проширен состав, а целта е поголема транспарентност и соработка помеѓу членовите.

{loadposition content9}