Здружението Чекоштина Урбан одржа состанок со сопствениците и корисници на недвижен имот во месноста
Побараа воспоставување комуникација со Локалната самоуправа и решение за нивните комунални проблеми. Бараат изградба на мост, поправка на патната мрежа, канализација, улично осветлување и воспоствување на уличен систем.
Одржан е состанок со сопствениците на недвижен имот и здружението „Чекоштина Урбан“. Повторени се барањата упатени до Локалната самоуправа пред 9 месеци , за кои добиле ветување, но досега нема ништо од реализација на некое од трите испорачани барања, велат од Здружението. Жителиет бараат изградба на патна мрежа бидејќи Алтанин мост станува опасен за користење, поставување на улично осветлување и уличен систем со адреси, вели Ванчо Огненов од здружението Чекоштина урбан. Барањата се дополнети со неколку нови приоритети за жителите од населбата. Важно е што поскоро да се изведе и основната канализациона мрежа, а за тоа да се предвидат и приклучоци на колекторот, со премин преку новиот автопат, вели Огненов.
„Сега се гради автопатот ако сега не се постават потребните пробиви низ автопатот понатаму ќе е многу тешко да се врши дополнителни уредувања. Сега е нужно општината да го реши дали преку проектот за автопатот, треба да постават цевки за потоа да не го рушиме патот за да оформиме канализација за колекторот“.
Некои луѓе кои живеат тука бараат да не бидат игнорирани туку да соработуваат со општината. Ние постојано даваме иницијатива за соработка и ни треба интерактивност. Ако општината покаже интерес ние уште повеќе ќе се ангжираме да сториме повеќе за населбата. Како и досега кога сами изградивме вовдовод, осветлување и дел од патот. Верувајте нема поубава средина за живеење од Сончевата населба, вели Благој Ефтимов, сопственик на угостителски објект во Чекоштина.
„Овде не се плаќа комуналии за жал . Многу куќи се легализирани по системот да не се плаќа комуналии што и не е исправно. Да се уреди урбанистички просторот за општината да има корист од плаќање на комуналии. Ние сме подготвени понатака како досега да учествуваме за нешто повеќе да се направи на свој трошок“.
За жителите како најгорлив проблем е пробивањето и уредување на основната патна мрежа. Бараат од општината да ги одбележи трасите, а некои од жителите се подготвени дел од финансирањето на работите да го преземат на сопствен трошок. Исто така, жителите побараа да се преиспита изградба на бетонски бази во непосредна близина на двата хотели во Чекоштина , кои се предвидени со ДУП.