Skip to main content

Здружението на лица со дијабет 1 оствари средба со градоначалникот

Здружението на лица со дијабет 1 оствари средба со градоначалникот.

 |  Валентина Неловска  | 
дијабет
дијабет

Децата од Здружението на лица со дијабет тип 1 остврија прием кај охридскиот градоначалник. Здружението постои 4 години и ги опфаќа децата кои имаат дијабет тип 1,  напоменува претседателот на здружението, Зоре Димоска.

„ Целта на Здружението е децата да се собираат почесто , да се дружат и меѓусебно д а си помагаат во нивната  едукација како на нив така и на нивните родителите.“
дијабет
Здружението  остварува разни  активности и има  потреба од помош на заедницата во поддршка на нивните активности. Еден од проблемите кои би сакале да го решат во иднина е просторниот проблем.   Градоначалникот вети дека ќе им помогне средбите да ги одржуваат во Заводот за кардиоваскуларни болести каде што веќе  подолго време  постои центар за едукација на болните. Бакрачески вети помош во рамките на нивните можности.

„ Разговаравме за нивните потреби за нивните активности и им ветивме дека ќе го обезбедиме транспортот за нивните активности. Ќе им обезбедиме  и просторни услови каде што Здруженеито ќе може да се собира во термини за децата и родителите да комуницираат за правилна едукација на децата заболени од дијабет тип 1.“

Градоначалникот Никола Бакрачески вети дека и децата од ова Здружение ќе добијат бесплатно користење на лизгалиштето,  им подели новогодишни пакетчиња и им посака среќно и безгрижно детство во Новата година.

{loadposition content9}