Skip to main content

Зебрите низ охридските улици се обележуваат среде сезона

Зебрите  низ охридските улици се обележуваат среде сезона.

 |  Валентина Неловска  | 
zebra

zebraОхрид туристичката сезона ја започна со избледени пешачки премини, а на повеќе места  хоризонталната сигнализација е дури и невидлива.  Вообичаено, обновувањето на хоризонталната сигнализација се прави пред сезона и се изведува  еднаш во текот на годината, а годинава, бојадисувањето започна во екот на сезоната. Пред 3-4 работни денови започна обновувањето на пешаките премини на улиците Јане Сандански,  Булевар Туристичка и на поголемите улици во централното градско подрачје.  Процесот на бојадисување се одвива претежно во вечерните часови, напоменува Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности . Тој, како  една од причините зошто порано не се почнало со бојадисувањето на  хоризонталната сигнализација посочува  дека годинава  таа постапка била посложена, а со тоа и јавната набавка.  

zebra„ Причината за постапката на хоризонталната сигнализација почна во втората половина на јули е обемноста на тендерот и проширување на јавната набавка. Ако се земе предвид  дека тендерот беше од помал обем  лани, а годинава од одделението за сообраќај одлучија дека треба да се обнови хоризонталната сигналзиација на повеќе улици низ градот. Опфатени се околу 20 -30 посто  повеќе улици“, наведува Танески.  

Од одделението за сообраќај се амнестираат од одговорност за доцнењето на  зафатот.  Прашавме  дали  тоа се должи на нечиј  пропуст или затајување на проценката, и не можеше ли истата да биде реализирана пред стартот на летната сезона кога вообичаено се бојадисува хоризонталната сигнализација.

„ Она што  ние како одделение за сообраќај го изработуваме е утврдување на  динамиката и планот за бележење и достава до  одделението за јавни набавки за обемноста и сложеноста на јавната набавка. Од страна на  секторот за комунални дејности  се беше навреме изработено. Тоа е и дел од годишната програма за работа на секторот. Затајување во делот на секторот за комунални дејности и некакво доцнење нема воопшто“, дециден е Танески.

Секторот за  комунални дејности барањето за обновување на хоризонталната сигнализација го поднесол на 5 мај до одделенеито за јавни набавки. Од таму пак барањето веднаш го проследиле, но за запазување на целата законска процедура за спроведување на тендерот биле потребни  57 дена. Така , општината и најповолниот понудувач склучиле договор за изведуање на работите на 7 јули. По извршените подготовки започнала реализацијата, појаснува Танески.    
За  годинешното бојадисување како најповолен понудувач е избрана струшката „Ала компани“. За годишнешниот зафат согласно потпишаниот договор од тендерската докуменатција  општината од буџетот ќе издвои 1.900.000, оо денари, напоменува Танески.