„Зегин“ и оваа година ја подржа манифестацијата Богојавление- Водици
Зегин, најголемиот фармацевтски бренд во Македонја и оваа година ја подржа најмасовната црковно-народна манифестација Богојавление Водици. Тие донираа 5000 маици, 30 телевизори 30 таблети и 10 лап топ компјутери низ цела Македонија. Во Охрид ова година телевизорот ќе му биде доделен на Роберт Николоски, нашиот сограѓанин на кого му беше опожарена куќата.
„Зегин“, најголемиот фармацевтски бренд во Македонја и оваа година ја подржа најмасовната црковно-народна манифестација Богојавление- Водици. Таа како општествено одговорна компанија веќе 29 години ширум Македонија се јавува како донатор.
Годинава „Зегин“ донираше околу 5000 маици, 30 телевизори 35 таблети и 10 лап топ компјутери низ цела Македонија. Ние како компанија секогаш донираме за потребите на општеството па годинава организираввме и хуманитарен караван на кој беа доделени преки 100 пакетчиња за дечињата со посебни потреби, рече Марина Бебекоска, регионален директор на „Зегин“.
Од „Зегин“ велат дека не застануваат тука. Продолжуваат понатаму да донираат и да помагаат каде што е најпотребно посебно на социјално загрозените граѓани и лицата со хендикеп.
Телевизорот оваа година ќе му биде доделен на Роберт Николоски, нашиот сограѓанин на кого му беше опожарена куќата. Ќе го донираме во текот на утрешниот ден и ние секогаш ќе бидеме тука за граѓаните, вели Бебекоска.
Од „Зегин“ им порачуваат на сите фирми или поединци кои финансиски се в можност да помогнат, да го сторат тоа со што ќе израдуваат некое семејство и ке му овозможат и тоа да ужива барем малку во празаниците.