Железничка повторно на „тапет“
Булевар Железничка станува се понебезбедна сообраќјаница, реагираат од ВМРО-НП.
Булевар Железничка станува се понебезбедна сообраќјаница, реагираат од ВМРО-НП. Обвинуваат дека улицата, што два пати се пушташе во употреба пред парламентарните избори, се уште е недовршена и со неквалитетно поставен материјал. Овој магистрален пат со ознака М-5, кој требаше да го растерети градскиот сообраќај од тешки моторни возила, сега им задава сериозни главоболки на жителите од северо источниот дел на градот. Како причини што улицата станува се поопасна по животот, и неодамна однесе еден човечки живот, од Вмро НП ги посочуваат неквалитетно поставените шахти, недостотокот од трета лента и високите жардинери на зелениот појас.
Ванчо Костоски претседателот на ОК на Вмро НП вината ја лоцира кај Агенцијата за патишта. „Нема ден некоја шахта да не е искршена и да не е опасна и за автомобилите и за пешаците. Апелирам до сообраќајната полиција да ги засили контролите на улицата. Агенцијата треба да ги заврши недовршените работи, а дознаваме од наши информации дека голем дел од средствата не се исплатени на изведувачото и на поддизведувачите“, вели Костоски.
Од републичката Агенција за патишта обвинувањата упатени на нивна адреса ги отфрлаат како неосновани. Потенцираат дека улицата кога пред година и пол е пуштена во употреба ги исполнувала сите стандарди при техничкиот прием. Немало забелешки ни за поставувањето на шахтите нити за жардинерите,се било во согласност со проектот, вели помошникот директор на Агенцијата за патишта Катерина Иванова Пановска.
Таа нагласува „доколку се јави некој проблем изведувачот има две годишен гарантен рок за нивна санација. Доколку Надзорниот орган констатира недостатоци тогаш иведувачот ќе мора да ги санира. Досега недостоци не се забележани“.
Зафатите за изградба на Булевар Железничка отпочнаа во 2007, а беа завршени во 2010 година. Инвестицијата за изградбата на 2,5 километарската трансверзала чинеше околу 70 милиони денари.
{loadposition content9}