Skip to main content

Земјоделците да се пријават за паушално оданочување со персонален данок

Истекува рокот за  поднесување пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и за поднесување барање за паушално одданочување за приходи од земјоделска дејност. Од УЈП апелираат да се запази рокот и до крајот на месецов да се поднесат пријавите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ujp
ујп

Граѓаните кои се знимаваат со земјоделска дејност било тоа да им е дополнителна или основна дејност, а кои оствариле приход од  еден милион и 300 000 ден. Во текот на 2014та год. До крајот на месецов треба да се регистрираат и пријават во Управата за јавни приходи за паушално оданочување со персонален данок . Доколку тоа до сега не го сториле потребно е да поднесат пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и барање за паушално одданочување за приходи од земјоделска дејност. Доколку веќе се регистрирани како обврзници кои остваруваат приход од земјоделска дејност треба да се поднесе само барање   за паушално оданочување на приходот од земјоделска дејност. ујп

Приходот кој е остварен во 2014та 80% е ослободен од одданочување. Остатокот од 20% се оданочува со 10% персонален данок. Ако оствариме приход од 100 000 ден., 80 000 ден. се ослободени од данок. Останатите 20 000 ден. се пресметува 10% персонален данок или  во вредност од 2000ден, вели Рејна Стефаноска раководител на одделение на УЈП-Охрид.

ujpПрилози кои треба да се достават со пријавата за паушално оданочување се имотен лист, договор за закуп и подзакуп. Ако во моментот на пополнувањето на пријавата тогаш може нахнадно да се достават во рок од три дена. Регистрираните земјоделци доколку имаат промена во личните податоци должни се да поднесат нова пријава. Во даночното одделение на УЈП во Охрид регистрирани се 888 даночни обврзници, а во Дебрца 15 516 обврзници за земјоделие. До денес само 41лице имаат доставено пријава за паушално оданочување.

Се молат граѓаните да не чекат до последен момент за да ги пополнат пријавите. Пријавите се бесплатни се земаат од на шалтер, а во пополнувањето ќе им помогне даночен службеник од даночното одделение во Охрид, вели Стефаноска.

Од охридската УЈП велат дека досега одржале повеќе едукативни предавање во Охрид, Струга и Дебрца, но одзивот на граѓаните не бил многу голем. Апелираат граѓаните подобро да се информираат и да си ја завршат обврската кон државата.

{loadposition content9}