Skip to main content

Земјоделските и овоштарските култури силно погодени од климатските промени

Екстремно високите температури ова лето и слабите врнежи од дожд го намалија родот.
 |  инфодеск  | 

На климатските промени мора да се одговори веднаш, да се изнајдат решенија со кои земјоделците ќе го прилагодат своето производството според насоки дадени од релевантни инситуции затоа што ниту оптималните рокови за садење и сеење веќе важат, ниту пак сортите кои се произведуваа досега можат да дадат солиден принос.

„Треба да се излезе на терен и да се види какви се состојбите не терен, реално како што за жал се збиднуваат. Одамна не знаеме кога е пролет кога е есен. Се зименаа годишните времиња се случува во среде лето од никаде некој силен ветер да носи се.Состојбата е таква што секој на свој начин треба да даде свој допринос за олеснување на псоледиците да се подготвиме и да сфатиме дека е нормална појава од која не може да се избега”, вели Борис Стојаноски земјоделец и еколог.

Климатските промени  ги измрзнаа овошките, го исушија грозјето, го изгореа сончогледот, го намалија родот на патчиџанот, пиперката,  пченицата и јачменот, а со тоа ја поскапеа и добиточната храна со што има негативно влијание и врз сточарството. Под влијанието на климатските промени ќе растат и цените на земјоделските и овоштарските произиводи.

„На мојот имот се случуваат работи кои се невообичаени  донесов едно јаболко каде се гледа дека горниот дел е изгорен тоа се случува и со другите култури. Мерките во тој дел се обивуваме сами. Употреба на заштитни мрежи во повеќе врсти за пропустливост на сончеви зраци. Има брошури но не е доволно треба повеќе да се работи соз емјоделците и поголема финансиска поддршка за мерките за заштита кои чинат доста пари” ,додава Стојаноски.

Земјоделските здруженија да се организираат и од Владата да бараат сериозно да се зафати со решавање на овој проблем кој не ги тангира само земјоделците туку сите граѓани оти зборуваме за домашното производство на храна.

Новинар Соња Рилковска