Skip to main content

Утрово земјотрес од 3,9 степени во Охридско-струшкиот регион

Засега нема информации за причинета материјална штета
 |  инфодеск  |  ,

Земјотрес со локална магнитуда од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 40 минути е регистриран во епицентралното подрачје Охрид-Струга, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Националниот парк Преспа, а според првичните информации, немало пријави за повредени или материјална штета по земјотресот.

Според EMSC, земјотресот бил почувствуван во Македонија, Грција, Србија и Албанија.