Skip to main content

Земјотрес со јачина од 3.0 степени утрово почувствуван во Охрид и Струга

Земјотрес со јачина од 3.0 степени утрово почувствуван во Охрид и Струга
 |  инфодеск  | 

 Според податоците наа Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 05:36 часот беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.